ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на Мерко ја замолчи ДУИ, само Ковачевски го брани!
САД го откри, a македонските институции го премолчуваат криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ. САД го прогласи Рамиз Мерко, градоначалник од ДУИ за персона нон грата во САД. Ова важи и за неговото семејство велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Рамиз Мерко е на црната листа бидејќи бил вмешан во значителна корупција, влијаел на судски процеси и злоупотребувал фондови нотираат од Стејт Департментот. Мерко сам не можел да влијае на судски процеси без поддршка од другите владини функционери на ДУИ и СДС. Прашањето е во колку од овие криминални процеси се вмешани и други лица од ДУИ? САД потврди дека ДУИ е криминална. Сите ја гледаат корупцијата во ДУИ, само Димитар Ковачевски и СДС не ја гледаат. ДУИ мора да оди во опозиција. ДУИ мора да расчисти со криминалот во нивните структури. Бараме сериозна реакција од институциите се вели во соопштението од партијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.