Ослободени Азовците кои Русија ги зароби. За Здленски тие биле херои

Објавил: Македонка Димкин | 9 јули, 2023 8:06

Зеленски од Турција се врати со командантите кои во смрт одведоа преку 4000 војници

Фото/Текст извор: ©Магазин

Украинскиот претседател Зеленски се врати од Турција со петмина украински воени команданти кои беа заробени од Русија пред нешто повеќе од една година.

Во септември лани , со посредство на Анкара, војниците беа ослободени и однесени во Турција, каде според договорот меѓу Русија и Турција, требаше да останат до крајот на војната.

Командантите, кои се сметаат за херои во својата татковина, ја водеа одбраната на пристанишниот град, најголемиот што Русија досега го окупирала. Илјадници цивили загинаа во Мариупол, кој Русите го срамнија со земја за време на тримесечната опсада.

Ова се петте команданти на баталјонот Азов кои ја бранеа железарницата Азовстал во Мариупол за време на опсадата на градот. Фабриката Азовстал беше последниот бастион на украинската одбрана во пристанишниот град, кој на крајот падна во рацете на Русија во мај лани. Украинските бранители се криеја во тунелите и бункерите на фабриката за челик Азовстал, кога им нареди Киев да се предадат минатиот мај.

Зеленски се врати во Украина со украинските војници Денис Прокопенко, Свјатослав Паламар, Сергиј Волински, Олех Хоменко и Денис Шелха. Зеленски го прегрна секој од нив откако слетаа во Киев.

„Се враќаме дома од Турција и ги носиме нашите херои дома. Тие конечно ќе бидат со своите роднини“, изјави Зеленски.

Портпаролот на  Кремљ Дмитриј Песков за новинската агенција РИА изјави:

„Никој не не информираше за ова. Според договорот, овие водачи требаше да останат на турска територија до крајот на конфликтот“.

Тој додаде дека ослободувањето е резултат на притисокот на НАТО врз Турција пред самитот на Алијансата следната недела, каде Украина се надева дека ќе добие позитивен сигнал за нејзиното идно членство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.