Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Објавил: Мате Парлоф | 22 октомври, 2023 12:17

Петте станови на Груевски проценети на 1,9 милиони евра

Фото/Текст извор: ©fokus

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски одат на продажба.

Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Според тоа што јас поседувам документација за проценките од Бирото за судски вештачења, досега целиот имот не е се уште комплетиран со проценка, имаме уште два недвижни имота, КО „Нерава“ и КО „Центар“ што уште не е пристигната кај нас проценката од Биро за судски вештачења, но заради сето друго што е веќе направена проценката, за сите станови, и за тие на „Бихаќка“ и за тие во „Панорама резиденс“, е некаде околу 2 милиона евра, еден милион и 950 илјади евра. Направена е проценката од Бирото за судски вештачења, дека ако ги ставиме на продажба, ако аукцијата заврши успешно, таа сума може да се врати за многу брзо време во буџетот на државата, вели Небиу во интервјуто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести