Андоновски од Ѓорче Петров

Објавил: Калина Мартинска | 14 април, 2024 14:56

На 24 април изборот и за младите е јасен: Иселување или нови можности

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На средба со млади од Ѓорче Петров, дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, потенцираше дека младите луѓе имаат лесен и едноставен избор кога се работи за избор на Претседател на Република Македонија.

„И младите во Ѓорче Петров, но и насекаде низ Македонија имаат јасен и би рекол лесен избор во првиот и во вториот круг, на 24 април и на 8 мај.“

„Од една страна го имате Стево Пендаровски, кој на еден младински самит, фамозно изјави дека доколку не бил Претседател веднаш ќе ја напуштел државата и на тој начин го потикнува иселувањето. Човек кој во 5 годишниот мандат нема ништо направено за младите и секојдневно ги менува ставовите, според тоа што ќе му кажат неговите стопани, Артан Груби и Али Ахмети. Од друга страна ја имате професорката Гордана Силјановска Давкова, која што е човек инспиративен професор, со огромно искуство, огромно знаење и посветеност кон она што го работи“, изјави Андоновски.

Андоновски појасни дека професорката е почитувана и сакана кај младите, бидејќи таа знае како со нив и ги поддржува, и дека неколку пати била избирана за најомилен професор, призната во државата и пошироко.

„Во програмата на професорката Гордана Силјановска Давкова има предвидено форум на млади, кој ќе биде составен дел од нејзиниот кабинет и нејзиното работење, вработување на советник за млади во рамки на кабинетот на Претседателот, како и поддршка на младински хабови и иновациски центри за поддршка на младите“ , изјави Андоновски.

Во првиот круг ќе победиме, а во вториот круг ќе ја забетонираме победата на Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ со голема двојна победа, потенцираше Андоновски.

Мисајловски: Ни треба голема мобилизација на овие избори, затоа ги повикувам сите граѓани да излезат на 24 април и да го дадат гласот за професорката Силјановска Давкова

„Денеска ќе дискутираме за различни теми за она што нив ги интересира и вистина ми е драго што гледам повеќе и повеќе млади да се сплотуваат за Гордана Силјановска Давкова. Се среќаваме со различни целни групи, со различни категории, возрасти на луѓе можам да кажам дека сите луѓе се за ВМРО-ДПМНЕ и сите се со огромна поддршка за Гордана Силјановска Давкова. Многу убави работи спомна Стефан, но јас сакам да дополнам една работа. За да имаме што поголема промена во општеството, за што повеќе луѓе да се сплотат ни треба голема мобилизација на овие избори. Затоа сакам да ги повикам сите граѓани да излезат на 24 април и да го дадат гласот за нашата професорка Гордана Силјановска Давкова бидејќи потоа со што поголема излезност ќе се направи една голема енергија, голема еуфорија за голема победа, бидејќи македонскиот народ одвај чека да победи, а за да ја направиме Македонија горда ни треба сите да гласаме за бројот 2, а тоа е нашата професорка“, вели Мисајловски.

Тој додава дека се разбира потоа на новите избори и кампањата која следува од 18 април, тие се парламентарните избори заеднички овој циклус да покажеме дека време е за промени, дека време е за една поубава, проевропска Македонија и се разбира да ја направиме Македонија горда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.