Затвореникот Зулќуфли Нуредини од селото Батинци, познат во скопското подземје како Мали Репки

Објавил: Калина Мартинска | 15 април, 2024 16:11

Мали Репки од Батинци избегал од Идризово, бил причина за голема тепачка во затворот во Штип

Фото/Текст извор: ©telma.mk

Со лисици на рацете завршија 17 припадници на затворската полиција во Идризово по денешната акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.

Против шест од нив е отворена истрага во врска со бегството на затвореникот Зулќуфли Нуредини од селото Батинци, познат во скопското подземје како Мали Репки. Во мај, 2022 година Репки беше осуден на осум и пол години затвор за убиство.

„Предметниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица од кои за пет постои основано сомнение дека во текот на месец октомври минатата година сториле кривично дело „Овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по чл.372, ст.2 од КЗ, додека едно лице се сомничи за помагање во сторување на кривичното дело“, информираат од ОЈО ГОКК.

Тоа се случило додека Репки бил подложен на медицински третман во затворот, а на критичниот ден, 26 октомври минатата година, во придружба на двајца осомничени затворски полицајци, се упатил во просторија за пушење во непосредна близина на болницата. Таму поминал околу половина час, по што осомничените затворски службеници заминале, овозможувајќи му да избега.

Осомничените не го пријавиле бегството кај непосредните старешини во Идризово, ниту тоа го сториле нивните колеги од втората смена, туку седеле без Репки во празниот апартман во болницата каде биле затекнати од припадници на интервентната полиција.

Останатите 11 затворски полицајци за кои е отворена предистрага се приведени, бидејќи му овозможувале на Репки да го напушта затворот на неколку часа без да има дозвола за тоа.

„Осомничените во текот на престојот на осуденикот како соизвршители, додека биле на смена, го ослободувале осуденото лице кое им било доверено на чување, кое непречено без придружба ја напуштало здравствената установа и по повеќечасовно отсуство се враќало назад“, се додава соопштуваат од ОЈО ГОКК.


Тепачка во затворот во Штип

И додека се спремала акцијата за приведување на затворските полицајци, Репки бил во центарот на случувањата во друг затвор, штипскиот, каде бил префрлен по проблемите кои ги направил во Идризово.

Неговиот татко пријавил дека Репки стравувал од напад во текот на ноќта. По само неколку минути од пријавата избила тепачката меѓу две групи на затвореници. Тепачката се случувала на полноќ, а како засилување дошле и 30 лица со десет возила пред затворот.

Интервенирала затворската полиција, но и специјалци од Скопје кои пред капијата ја затекнале групата. Подебелиот крај го извлекол вработен во затворот, кој бил повреден во инцидентот. Штипскиот затвор од тогаш е под силно полициско обезбедување.

Тепачката се случувала на полноќ,а поддршка имале и од 30 лица кои пристигнале со десет возила, пред Затворот. Интервенирале затворската полиција, но и специјалците од Скопје кои пред капијата ги затекнале 30 те лица кои дошле од Скопје да ја поддржат една од групите.

Во соопштението на МВР се вели дека синоќа во 23 часот и 57 минути Ш.Н од скопското село Батинци пријавил дека му се јавил неговиот син З.Н кој издржувал казна затвор во Затвор –Штип и му соопштил дека има информации оти во текот на ноќта ќе биде нападнат. Три минути по пријавата почнала тепачката меѓу двете групи на затвореници. Во штипската јавност се говори дека наводно едната група броела 100, а втората четири члена.

На осомничените полицајци им се заканува затвор од 1-10 години

А на затворските полицајци сега им се заканува живот зад решетки. За кривичното дело – „Овозможување бегство на лице лишено од слобода“ е предвидена казна затвор од една до 10 години. За кривично дело – „Противзаконито oслободување на лице лишено од слобода“ е предвидена казна затвор од три месеци до пет години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.