Само за една година во Италија запленети се над 13 тони марихуана кои пристигнале од Албанија

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 10:12

Италија заплени 535 килограми марихуана и уапси двајца Албанци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Италијанската полиција заплени 535 килограми марихуна која со моторен чамец од Албанија ја транспортирале двајца Албанци.

Уапсени се Г.Д. (46)  и С.В (38) двајцата од приморскиот град Валона кои со чамецот се движеле кон крајбрежјето на Бриндизи. Кога ја забележале полициската поморска патрола се обиделе да избегаат но не успеале во тоа.

Пред италијанскиот суд ќе одговараат за “меѓународна трговија со дрога”. Акцијата на италијанската полиција била поддржана од воздух од силите на Фронтекс. Според првичните проценки на полицијата на која се повикува тиранската телевизија “Ора њуз” доколку дрогата стигнела на црниот пазар би достигнала  вредноста од пет милиони евра.

Во изминатиот период од годинава само во регионот на Пулија запленети се 12 пловни објекти и околу 13 тони марихуана кои пристигнале од Албанија a апсен е 31 шверцер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.