Електронскиот систем за плаќање билети во ЈСП е воведен во 2007-ма година и оттогаш постојат аферите за набавка на картици и читачи за истите

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 10:27

Компанија регистирана на домашна адреса без тендер добила 200.000 евра од ЈСП

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ЈСП не распишале тендер за купување на електронски картички туку договорот со “Идкардс” го склучиле со преговарање оти итно требало да се набават картички за возење со автобусите.

На огласот се пријавиле три фирми тврдат од ЈСП кои испратија само цени на два оператори. 120 денари по картичка понудила фирмата “Идкардс” со која јавното претпријатие и го склучиле договорот а “Телеком” понудиле 135 денари по картичка. Која е третата фирма и колку понудила ЈСП не кажува.

“Претходна цена на електронска картичка изнесуваше 100 денари по парче кога вкупно од “Телеком” кој досега беше единствениот добавувач на електронските картички само последниот пат беа набавени 100.000 парчиња на картички. Тогаш во отворена постапка имаше само еден понудувач за сега во Постапка со преговарање да имаме 3 понудувачи при што претходниот добавувач “Телеком” понуди цена од 135 денари по парче.” – одговорија од ЈСП.

ЈСП и приватните превозници за прв пат воведуваат т.н. електронска картица за плаќање во 2007 година многу пред т.н. “Скопска” која се викаше “Моја карта” но поради недостаток на читачи истата остана во фунција само 2 години.

Што се однесува до вториот договор од 130.000 евра за консултантски услови според изборот на ЈСП “Ит плус смарт консалтинг” била економски најповелен понудувач. Колку фирми учествувале на овој тендер не нaведуваат од ЈСП?

“Договорниот орган не може да влијае врз број на заинтересираните и способни економски оператори а проценета вредност на набавката изнесува 3% од вредноста на Системот кој е предмет на анализа и ревизија што е целосно во рамките на предвидените норми за ваков вид на услуги.” – велат од ЈСП.

Улицата “Димо Хаџи Димов” број 81 е седиштето на двете штотуку формирани фирми “Идкардс” и “Ит Плус смарт консалтинг” кои минатиот месец добија два тендери од ЈСП во Скопје вредни околу 200.000 евра. Според податоците од Централен регистар оваа адреса е и место на живеење на сопственикот и управител на фирмата кои двете компании ги отворил во рок од една недела со непаричен влог од по 5.000 евра.

“Ит плус смарт консалтинг” е формирана 20-ти јуни месец и четири дена по основањето го добила тендерот од ЈСП вреден 130.000 евра. Истиот сопственик 7 дена подоцна отворил втора фирма “Идкардс” која по неполн месец добила бизнис од ЈСП вреден 78.000 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести