Обвинетите кои беа во прес центарот на Собранието се соочуваат со можноста од изрекување огромни затворски казни

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 7:54

Дел од обвинети за настаните од 27 април со барања до ВМРО – ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Слобода за уставобранителите или македонската јавност ќе дознае за предавството од партијата гласи ултимативното барање на дел од обвинетите за организираниот упад во собранието до опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

Во отвореното писмо, тие пишуваат дека се подготвени да лежат затвор, па дури и да загинат за нивните идеали, но велат нема да дозволат да бидат искористени за политички пазар.

„Бараме итно и безусловно да ни ги соопштите следниве работи:

1. Ставот на ВМРО за политичкиот прогон.
2. Конкретните активности на ВМРО во заштита на нашите права и борба за правда.
3. Безусловен политички притисок за прекин на политичкиот прогон.
4. Безусловно ослободување од притвор.
5. Бојкот на Собранието на Република Македонија.
6. Улична демократија за правда.

Во поглед на нашите барања братски и вмровски ве известуваме дека евентуалните политички пресуди за тероризам во сопствената држава ќе значат пресуда за престанок на последниот баталјон за Македонија и ВМРО. Ние не се плашиме од судот на власта, се плашиме од предавството на ВМРО“ – пишува во писмото.

Рокот на ултиматумот е до 20-ти септември – датум до кој бараат најдоцна да бидат ослобдени од политичарите, бидејќи токму тие, како што пишува во писмото ги сместиле зад решетки.

„Вие, нашите водачи, сте должни да ги браните интересите на Македонецот по секоја цена. Затоа сте избрани да не водите. Во спротивно, доколку се повторува историското предавство на македонските патриоти како во историското ВМРО, ние патриотите, во духот на Божјата правда, во името на нашите семејства, во името на историските заклетви, ве известуваме дека македонскиот народ ќе дознае дека Вие се грижите само за Вашите фотељи, Македонците го бранеа Уставот, а предавството го извршија немакедонците“ – порачуваат дел од обвинетите.

Од ВМРО – ДПМНЕ до сега не го коментираа ултиматумот упатен до нив.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.