Објавил: Магазин | 27 април, 2018 20:51

Ботас: Рикардо во Мерцедес не е ништо ново

Фото/Текст извор: ©

Валтери Ботас не е загрижен по шпекулациите од скоро дека би можел да го загуби своето место во Мерцедес од Даниел Рикардо за 2019 година, додавајќи дека таквите шпекулации не се ништо ново и дека тој повеќе би сакал да се концентрира на своите перформанси.

Победата на Рикардо пред 2 недели резултираа во нови шпекулации околу неговата иднина по оваа сезона кога истекува договорот со Ред Бул. Австралијанецот е поврзан со место во Мерцедес и Ферари за 2019 година, но негираше дека преговарал со било која екипа освен Ред Бул.

Се очекува Луис Хамилтон да го продолжи својот договор со Мерцедес, веројатно е дека Ботас ќе биде тој кој ќе ја напушти екипата, доколку Рикардо се приклучи во “сребрените стрели“. Но, Ботас не верува дека може да го загуби своето место, велејќи дека се навикнал на тие шпекулации.

„Нормално е. Така беше и минатата година, исто и оваа. Не е ништо ново за мене. Целосно сум среќен со фокус кон себе и добри перформанси.

Ќе продолжам со својата форма како во последните неколку трки, немам проблем“, вели Ботас.

Мерцедес викендов во Баку цели да ја прекине најдолгата серијат на трки без победа, која последен пат ја имаа во 2013 година. Ферари победи на првите две трки во Австралија и Бахреин, додека Рикардо победи во Кина пред две недели, а Ботас заврши на подиумот во два наврати.

„Конкуренцијата е навистина силна. Овие три екипи ќе се борат за победи, како што и очекувавме за време на зимските тестови.

Се се сведува на најмалите детали. Мислам дека имавме болид во првите три трки со кој можевме да победиме. Во Бахреин бевме блиску до победа. Исто и во Кина. Без различните ситуации кои неможе да ги контролираме, бевме екстремно блиску до Ферари и Ред Бул.

Само треба да останеме фокусирани и да извлечеме повеќе перформанси. Победата ќе дојде“, додаде Ботас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Спорт

Посебно емотивен беше најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Фото: Спектакуларен пречек на Ѓоковиќ, српските кошаркари и баскетџии во Белград Србија синоќа ги поздрави своите спортски херои

Србија синоќа ги поздрави своите спортски херои, српската кошаркарска репрезентација...