Во полицијата сообраќајната незгода била пријавена во 9.50 минути.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 август, 2019 13:23

СТРАШНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Едно лице загина кај Камен Дол!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Едно лице загина, а пет се повредени утрово во тешка сообраќајка што се случи кај росоманското село Камен Дол, изјавија очевидци за МИА.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во тешката несреќа учествувале патничко возило „Голф“ со битолски ознаки и џип „Мерцедес“ со велешки регистарски таблички.

Во полицијата сообраќајната незгода била пријавена во 9.50 минути. Увидна екипа на МВР е на местото на несреќата.

За сега нема подетални информации за несреќата, а полицијата од Кавадарци, засега не се можност да дадат повеќе детали околу случајот.

Едно лице загина, а три се потешко во четири од вкупно 24 сообраќајни несреќи што викендов се случиле на подрачјето на Град Скопје.
Според податоците на СВР Скопје, полицијата викендот санкционирала 19 возачи кои управувале под дејство на алкохол, 55 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и пет почетници. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...