Ноќно судење на Груевски во апелација, одлучуваат по жалба за пресудата за набавката на службеното блиндирано возило Мерцедес

Објавил: Македонка Димкин | 31 август, 2018 23:51

ВОНРЕДНА ВЕСТ: Груевски до 20 часот во судница без адвокати.

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Судиите во Апелациониот суд  и вечерва го судат Груевски сам и без присуство на неговите адвокати. Одлучуваат по жалба за пресудата за набавката на службеното блиндирано возило Мерцедес, за кое судијката Добрила Кацарска го осуди на 2 години затвор.

Паралелно во основен суд Скопје 1, истата судијка Добрила Кацарска одржува маратонско судење на обвинетите 33 лица од случајот од 27 ми април, каде се ангажирани и адвокатите на Груевски и каде ако некој од нив излезе се казнува со 1000 евра казна, износ со кој досега се казнија два адвокати на Груевски кога во исто време, во ист суд им закажаа две различни рочишта, и на едното не можеа физички да се присутни.

Никогаш досега во праксата Апелациониот суд не работел во петок после 14 часот , а седница која пак почна во 9:30 наутро и трае сеуште после 20:00 часот досега не е сретнато во судската пракса 1949-та до денес во 2018-та. Груевски мошне смирено и со ведрина на лицето го следи судењето.

Добриал Кцарска, судијката која го осуди Груевски на две години затвро поради случајот со набавакта на Мерцедесот со кој денес се возат владините гости и Зоран Заев. Добрила Кацарска пред извесно време доби 24 часовна полициска заштита поради закани по живот

Вообичаено апелацискиот суд одлучува во рок од 6 до 9 месеци откако ќе се добие предметот, а во  случајов  нема едвај два месеци. Во пракса Апелацискиот суд во август речиси да не држи седници, и токму пораи ова се добива чувство дека овој пат судењето дефивнитивно има врска со политичкииот притисоок на јавноста за да се покаже дека оваа власт стои на ветувањето.

Според она што се случува на очиглед на целата македонска јавност, највервоатно нарачателите на проговнот на Груевски  сакаат да се испрати јасна порака до сите гласачи кои се против договорот со Грција, а особено оние кои планираат да бојкотираат.

Според блиски извори во  судот се шепоти дека, инструкцијата за недлоќното затворање на Груевски, стигнала до судиите вчера во попладневните часови. Од приемот на предметот неколку судии кои требаше да го судат Груевски или сами се повлекоа или беа сменети по направена проценка дека не се доволно сигурни.

За претседател на советот од 5 судии е избрана судијката Светлана Перич, за која пак е покрената постапка за разрешување пред судскиот совет за друг предмет. Судија известител е Тања Милева, сопруга на Игор Милев, поранешен адвокат на Заев, член на ДИК предложен од СДСМ, внук од сестра на екс-пратеникот на СДСМ, Ванчо Чифлиганец, двапати кандидат за градоначалник од СДСМ во Радовиш (2005-та и 2013-та), при што загубил од ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски, и актуелен дефакто втор човек во Царинската управа.

Тања Милева самата се иззема од судење кога требаше да одлучува за Зоран Заев заради преголема блискост со него, а претходно незаконски беше избрана за судија на апелацискиот суд, како третопласирана по број на бодови, при што отпадна првопласираниот судија Тодор Нанев.

Зошто мораше баш на роденденот од Груевски да се брза со невообичаената пркаса во Апелационен ако не само со едн и едниствена цел, испраќае на порака и заплашување на приврзаниците на БОКОТИРАМ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.