Поради сериозноста на повредите жената била префрлена на Клиниките во Скопје

Објавил: admin@magazin | 1 септември, 2018 13:43

Тетово: Маж ја прободел со нож својата невенчана жена

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утрово во 08:00 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово од Клиничката болница-Тетово било пријавено дека кај нив била донесена В.М.(49) од Тетово со повреди од остар предмет во пределот на градите, вратот, грбот и дланките.

Поради сериозноста на повредите истата била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и била задржана на понатамошно лекување. По кратко време во полициска станица дошло лицето Б.А.(49) и пријавило дека во семејната куќа со нож ја избодел В.М. со која заедно вонбрачно живееле.

Лицето е задржано, известен е јавен обвинител и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести