Реал Мадрид е послаб без Кристијано Роналдо, изјави капитенот на Барселона, Лионел Меси.
Реал е меѓу најдобрите екипи во светот, но евидентно е дека се ослабени со одењето на Роналдо. Искрен да бидам се изненадив од неговиот потег да го напушти Мадрид. За него секогаш има заинтересирани клубови, но во секој случај замина во добар клуб, вели Меси.
Португалецот во летниот преоден рок замина во италијанскиот шампион Јувентус и најави атак кон трофејот во Лигата на шампионите.
Со неговиот ангажман, секако Јувентус е еден од фаворитите за тронот во елитното натпреварување, смета ѕвездата на Барселона.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.