Угледниот професор Росоклија е повеќе од убеден дека референдумот на овој или оној начин ќе е чин на фалсификат, но е загрижен што потоа

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 септември, 2018 6:41

Росоклија: Јасно е дека подготвуваат фалсификат, но како мислат фалсификатот да им помине?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорот Горазд Росоклија во својата колумна пишува дека референдумот ќе заврши со фалсификат.

Го потценија македонскиот народ, не потценија сите, ја потценија или никогаш не ја чуле вистината дека колективната мудрост на еден народ, на секој народ, е над умот на било кој поединец кога станува збор за опстанокот на тој народ.

За жал, секоја македонска власт се однесува на ист начин кон сопствениот народ.

Во основа, да го потцениш народот кој те избрал за лидер и судбината своја и на своето семејство ти ја доверил тебе, значи многу нешта, многу негативни особини на карактерот, но пред се значи немање љубов кон човекот.

Јасно е дека подготвуваат фалсификат.

Но како мислат фалсификатот да им помине и уште позначајно, како мислат да владеат после тоа, после тој референдум?”, напиша Росоклија.

Горазд Росоклија е македонски, светски признаен научник од областа на истражувањето на невропатологијата и невроимунологијата, кој од 1992-ра година е професорт на Медицинскиот факултет при Универзитетот Колумбија, Њујрок, Соединетите Американски Држави.

Целиот текст од изјавата на професор Росоклија:

Потребен е навистина многу низок коефициент на интелигенција за да изведеме заклучок дека канцеларот на Германија кој прв пат во историјата доаѓа во Македонија, доаѓа со подароци.

Поединечно секој од нас има некој коефициент на интелигенција, но како народ сепак сме мудри за да знаеме дека нејзината посета е за дораспарчување на Македонија меѓу германските историски сојузници, за претворање на Македонија во територија на идентитетски обезличена словенска толпа, територија за складирање на токсичен отпад, територија за отворање рудници на смртта кои ќе допринесат за раселување на Македонците и промена на етничкиот состав, територија во која Германија ќе ги сместува бегалците кои таа ќе ги прогласи непожелни или непотребни во Германија.

За сето ова да го оствари, потребна ѝ е оваа власт, а на оваа власт потребен ѝ е успешно фалсификуван референдум.

Северна Македонија во НАТО е американска потреба за затворање на една балканска темна дупка која е надвор од системот на НАТО, а Северна Македонија територија за токсичен отпад и логор за непожелни луѓе е потреба на Германија и на ЕУ.

Тоа е светлата иднина која овие ни ја носат.

За жал, сеште е голем бројот Македонци кои не им веруваат на оние што ѝ даваат на Македонија, а им веруваат на оние што ја пљачкаат и се платени да ја уништат со ветувања дека давањето ќе почне откако ќе не снема.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.