Правнукот на Методија Андонов Ченто, Јане Ченто, со порака до политичкиот суд на власта на Заев, "Не сум виновен, но мене осудете ме доживотно, ослободете ги другите"

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 12:46

Јане Ченто: Не сум виновен, но мене осудете ме доживотно, ослободете ги другите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јане Ченто е претседател на македонското патриотско здружение “Пере Тошев” од Прилеп, правнук на Методија Андонов Ченто – македонски борец и прв Претседател на Президиумот на АСНОМ, а е еден од уставобранителите кои се обвинети за немилите настани во Собранието на Македонија од 27-ми април 2017-та година, се огласи на ФБ со порака во која своето судење го компарира со судењето на неговиот прадедо.

Методија Андонов Ченто е македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ.

 

Јане Ченто – при сослушување пред јавното обвинителство 2018 година.

“Не се чувствувам виновен за делото кое ми го ставате на товар, и никогаш не сум работел против интересите на Македонија, но спремен сум да се спогодам со Вас, мене осудете ме на доживотен затвор а останатите 35 луѓе пуштете ги на слобода, подобро еден невин да лежи во затвор отколку 36 патриоти.

Имам аманет да ја чуваме АСНОМ-ска Македонија и тоа ќе го направам.”

Методија Андонов Ченто -При сослушувањето во истражниот затвор – август 1946

“Пред својата совест не се чуствувам виновен, бидејќи и не сум мислел да работам против интересите на југословенските народи.

Обединувањето на македонскиот народ го сметам за последен долг кон својот народ, кој е многу измачен, особено со поделбата на Македонија на три дела во 1912 година.

Заради тоа доколку решев и успеев да се префрлам во Америка, и ако ми се дадеше возможност тој свој политички став и јавно би го изнел, пред Обединетите Нации и Мировната конференција, со цел да допринесам за обединување на македонскиот народ.“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.