По ерата од студената војна, со новата на вештачка интелигенција, војната ќе се води преку интернет, од кои според САД, Русија влијае на политиката а Кина им краде податоци

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 8:47

Русија и Кина се најголеми сајбер закани за САД

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Американската армија проценува дека Русија и Кина претставуваат најголема закана за сајбер безбедноста на САД.

Во новата стратегија за сајбер безбедноста, прва од таков вид изработена во мандатот на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, се оценува дека Русија влијаела врз американското население и се мешала во политичките процеси во земјата, додека Кина се обидува да украде доверливи податоци од американската Влада, како и од приватни компании.

Пентагон ќе работи на тоа да ги попречи овие недобронамерни активности, пишува во стратегијата.

Во документот е предвидено единиците за сајбер безбедност на САД да работат заедно со копнените, морските и воздушните сили на САД, како и со новоформираната вселенска воена служба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.