Поранешниот пратеник, актуелен градоначалник на Шуто Оризари, мисли и само мисли дека Дурловски ја насочувал толпата на 27 април, иако Игор цело време бил во пленарната сала

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 септември, 2018 13:14

Курто Дудуш, пратеникот кој молеше да премине во ВМРО – ДПМНЕ?

Фото/Текст извор: ©република.мк/магазин.мк

Градоначалникот на Шуто Оризари, а поранешен пратеник, Курто Дудуш во петокот сведочеше за случувањата во Собранието на 27 април лани.

Тој кажа дека за време на прес конференцијата на Зоран Заев бил во галеријата од прес центарот. Кога толпата влегла, а потоа се качиле и на галеријата него никој не го нападнал, но биле нападнати пратениците Павле Богоевски и Енес Ибрахим.

Игор Дурловски во моментот кога народот бил во големата пленарна сала “Македонија” немал ни физичка ни техничка можност да е координатор на настаните за кои никој не знаел дека се случуваат во собранискиот прес центар од чија галерија Курто Дудуш снимал што се случува.

Решив да пробам да излезам од галеријата. При симнување по скалите го видов Игор Дурловски како стоеше надвор од прес салата и мислам дека тој им посочуваше на луѓето каде да одат. Мислам дека испрати луѓе и кај мене со зборовите: “И овој е еден од нив”. Тргнаа кон мене тројца повозрасни, среќа бев погоре на скалите, а кога дојдоа тие беа пониско и успеав да ги отргнам. Потоа ме евакуираше во една од канцеларијата каде чекавме околу два часа .– рече Дудуш.

Адвокатот на Дурловски, пак, меѓу другото го праша по Дудуш каде стоел пејачот, на што тој одговори на околу два метри од скалите, по што бранителот рече дека нема повеќе прашања со оглед на тоа што постојат и видео материјали.

Инаку Курто Дудуш по изборите за пратеници во 2016 година молеше преку посредници, високи функционери во ВМРО – ДПМНЕ, да оствари средба со поранешниот претседател на партијата, Никола Груевски, со барање, ВМРО – ДПМНЕ ако ја добие неговата поддршка за парламентарно мнозинство да му ги прости долговите на име неплатен данок и да го остави на мира да ги работи своите “кладилници – коцкарници.”

Груевски никогаш не остварил средба со Дудуш, па со неформирањето на нова Влада помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, Дудуш преку ноќ станува член на СДСМ иако никогаш не бил нивни член, како и што стои во официјалните забелешки на Собранието на Македонија.

Прашање е дали Зоран Заев му ги исполнил условите?

Воедно по напуштањето на пратеничкото место, откако беше избран за градоначалник на Општина Шуто Оризари, Дудуш не прекинаа да го пратат афери поврзани со пари, задолжувања, поткуп и уцени.

Така на 1 март 2018 година јавноста, иако прво настанот се обиде да се прикрие беше известена дека вработениот во општина Шуто Оризари, за кого Скопското обвинителство предложило мерка притвор од 30 дена за барање поткуп, а СВР Скопје поднесе кривична пријава против неговиот личен шофер за поткуп.

Последната афера поврзана со Дудуш е онаа со јавната набавка на две возила за потребите на градоначалникот на Шуто Оризари од 6 август 2016 година во вредност од 35.000 евра, на што Дудуш одговори дека сме 21 век и запраша дали требало да набави влечни коњски коли за неговите потреби?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.