Како со пренесуваат тамошните медиуми разговорот ќе се случи во следните часови

Објавил: admin@magazin | 11 јуни, 2018 16:26

Денес телефонски разговор Заев – Ципрас, најавуваат грчките медиуми

Фото/Текст извор: ©миа

Во следните часови, според грчките медиуми ќе се оствари телефонскиот разговор меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас.

По средбата со Ципрас, што траеше околу час и половина, Никос Коѕијас, не даде официјална изјава, но на прашањето од новинарите „дали денеска ќе биде телефонскиот разговор на премиерите на двете земји“, Коѕијас кусо одговорил: „ќе биде“.

Како што претходно јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија вонредно и претходно непланирано и ненајавено се сретна со Алексис Ципрас во премиерската палата, а оваа средба, грчките медиуми и новинарите ја поврзуваат со телефонскиот разговор меѓу премиерите на двете земји.

Коментарите во Грција се дека временскиот период за телефонскиот разговор се стеснува, со оглед на тоа што шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас на 13 и 14 јуни ќе биде во Москва на средби со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, а во истиот период македонскиот премиер Зоран Заев заминува за Франкфурт.

Во четврток пак, на дневен ред во Грција е гласањето во парламентот на новиот нацрт закон што се однесува на среднорочната рамка за финансиската стратегија за периодот 2019-2022.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.