Во Република Македонија денес на референдумското прашање имаат право да се изјасната 1.806.336 граѓани на 3.748 гласачки места кои ќе бидат отворени од 07 до 19 часот

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 6:59

Република Македонија, Референдум 2018

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во Македонија денеска се одржува референдум на државно ниво на којшто гласачите треба да се изјаснат на прашањето “Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?” со заокружување “за” или “против”.

И покрај изјавите, и бојкотот и апстинирањето од процесот на гласање се манифестирање на демократското право на граѓаните.

Право на глас имаат еден милион 806 илјади и 336 гласачи запишани во Избирачкиот список.

Се гласа на 3.748 избирачки места кои ќе бидат отворени од 7 до 19 часот.

Вчера гласаа лицата во казнено-поправните домови, внатрешно раселените, лицата кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и немоќните и болните лица кои го побарале тоа од општинските изборни комисии Во казнено поправните установи низ земјава, вкупно 13 излезноста беше 64.69 отсто. Гласале 1.008 од евидентираните 1.558 лица со право на глас. Во своите домови, пак, според првичните информации од општинските изборни комисии, гласале 1.520 болни или изнемоштени лица од запишаните 1.859.

Вчера гласаа и граѓаните на Република Македонија во странство. Пријавени за гласање беа 2.694 македонски државјани, а тоа можеа да го направат во 33 дипломатско конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија низ светот. Како што соопшти ДИК гласале вкупно 985 македонски иселеници или 36.56 отсто излегле да гласаат за референдумското прашање, но во нив не беа влезени оние од САД, Канада и Лондон (вкупно пет гласачки места) каде гласањето не беше завршено.

Во текот на денешниот ден ДИК ќе излезе со пресек за податоците од вчерашното гласање во конзуларните претставништва, казнено поправните установи, како и за болните и изнемотшени лица.

По затворањето на гласањето во 19 часот, ДИК првичните резултати од референдумот добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците и целокупниот гласачки материјал од ОИК во рок од 24 часа по нивниот прием. 

Конечните резултати од референдумот ДИК ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. ДИК ги објавува резултатите од референдумот во Службен весник во рок од 15 дена од денот на одржувањето.

Денешното изјаснување на референдумот ќе го набљудуваат рекорден број домашни и странски набљудувачи. Официјалната бројка од ДИК на акредитирани домашни набљудувачи е 11.907, на странските набљудувачи е 493, а меѓународните организации акредитирале и 194 преведувачи.

Покрај домашни, референдумот ќе го следат и странски новинари. ДИК акредитирала 83 новинари од 32 медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...