Градоначалникот Боро Стојчев ќе оди затвор, дали за криумчарење на цигари или за прекршување на условната казна од 2015 година која му истекува во април идната година

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 6:56

Боро од Ново Село, сепак ќе оди затвор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Јавното обвинителство бара градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев да одлежи две години затвор, бидејки од 2015-тата бил под условна казна за сторено кривично дело проневера во службата.

Кривичниот совет при струмичкиот суд веќе заседавал по барањето на обвинителството да се активира казната, но одлуката како што кажаа од судот јавно ќе биде соопштена во понеделник.

Боро Стојчев за кривично дело “проневера во службата” сторено пред 8 години, во 2015-тата бил осуден на условна затворска казна од две години, доколку не повтори дело во следните 4 години. Со оглед дека во меѓувреме Стојчев е правосилно осуден за ново кривично дело, Јавното обвинителство смета дека треба да се активира двегодишната казна која му истекува во април идната година.

Стојчев во јули годинава со уште 4 други лица беше фатен како пренесува цигари од марката калипсо пред македонско бугарската граница. Му се судеше за кривично дело обид за пренесување непријавена стока за што од струмичкито суд доби казна од 18 месеци, но по жалба на одбраната апелација казната му ја намали на 6 месеци.

Стојчев на функцијата градоначалник на Ново село дојде на ланските локални избори како кадар на СДСМ, Во мегувреме неговата матична партија покрената е постапка за исклучување од членството и побараа тој да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.