Догогодишниот пратеник од редовите на ВМРО - ДПМНЕ, Владмиир Ѓорчев, со краток коментар на социјалните мрежи за настаните од петокот кога се гласаа уставните измени

Објавил: Мартин Попоски | 24 октомври, 2018 11:26

Ѓорчев: Тагата од црниот петок премина во отпор и пркос, ќе победиме

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеникот на ВМРО  -ДПМНЕ, Влатко (Владимир) Ѓорчев, по синоќешната прослава на ВМРО – ДПМНЕ во Македонскиот театар со порака за “црниот петок” и одметнатите пратеници.

Ѓорчев на својот Твитер налог порача дека неговата партија ќе победи, и тагата од црниот петок ќе биде заборавена, алудирајќи на 80-те пратеници кои гласаа „за“ почеток на уставните измени, меѓу кои седуммина беа членови на ВМРО – ДПМНЕ.

Вечерва тагата од црниот петок премина во отпор и пркос. Ќе победиме. –  напиша Ѓорчев.

Со ова по одлуките на ЦК на ВМРО – ДПМНЕ за исклучување на високи партиски функционери за кои оцени дека соработувале со Заев и СДСМ со цел вршење притисок и уцени за пратеници од нивните редови да гласаат за уставните промени, се заокружи бројот на “витални” пратеници кои застанаа во поддршка на партискиот претседател Мицкоски.

Мицкоски од своја страна пак е решен да докаже дека ВМРО – ДПМНЕ во своите примарни начела ги има ЕУ и НАТО интерациите но достојно да остане на ставот дека тоа не е изговор да се носи штетен договор и дека ВМРО – ДПМНЕ на следните избори како власт ќе го покаже тоа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.