Срамот на Општина Охрид започна со одбивањето советници од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да одобрат помош за Сара, иако гласаа финансиска помош за кафеаните оштетени во невремето

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 6:12

Срам за Охрид, Општина Дебрца одвои финансиска помош за лекување на Сара Настеска

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Советниците од општина Дебрца, во рамки на одржаната 16-та седница, ја усвоија предлог одлуката за доделување еднократна парична помош во висина од 100.000 денари за помош на охриѓанката Сара Настеска.

На Настеска и е итно неопходно лекување во Германија.

Одлуката ја соопшти градоначалникот на социјалните мрежи.

На денешната седница на мој предлог Советот на општина Дебрца едногласно донесе одлука да се одобри еднократна парична помош, во износ од 100.000 денари за лекување на Сара. На Сара и посакуваме брзо и успешно закрепнување и да се врати насмевката на нејзиното прекрасно детско лице. – напиша градоначалникот Ногачески.

Претходно општина Охрид не донесе ваква одлука, а советниците од СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ гласаа против и воздржано.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.