Извршниот комитет на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ, по оставката на нивниот претседател, објавија поддршка на актуелното раководство и претседателот Мицкоски

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 6:47

Извршниот Комитет на УМС останува со поддршка кон Мицкоски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

После (не)очекуваната оставка на претседалот на Унија на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, Лука Кржалоски поради, како што вели, лични причини, членовите на Извршниот Комитет на УМС  со свој став.

Членовите на ИК на УМС при ВМРО – ДПМНЕ дадоа јавна поддршка на Партијата и цврст став дека остануваат верни кон патот за подобра иднина на Македонија.

Нивното манифестирање поддршка за претседателот Христијан Мицкоски и актуелното раководство на ВМРО – ДПМНЕ беше проследено со објави на социјалните мрежи.

Горјан Донев за оставката и своето идно делување истакна:

Браќа и сестри, ја почитувам одлуката за оставка на претседателот Лука Кржалоски, и сметам дека секој има право на свое мислење во една демократска партија. Она што е важно е дека УМС не застанува со работа, туку дека напротив продолжуваме посилно. Ние како Извршен Комитет остануваме со поддршка на претседателот Христијан Мицкоски. Заедно ќе се избориме во оваа бура од која ќе излеземе посилни, а Македонија просперитетна, економски развиена и силна.

Влатко Стојаноски исто така се огласи на социјалните мрежи:

Иако со тешко срце ја прифаќам, ја почитувам одлуката на досегашниот претседател на УМС, Лука Кржалоски. Во една демократска партија секој има право на свое мислење. Јас како член на неговиот Извршен Комитет сметам дека одлуката е пребрзa, и дека кога е најтешко треба да се држиме силно како едно семејство за заедно да ја победиме здружената чума поради која се случуваат овие премрежија. 

Сметам дека цврстиот став за зачувување на името и идентитетот е правиот пат по кој треба да се движи партијата, потегот за чистење на криминалот и профитерите се повеќе од добри, и јас останувам на страната на претседателот Христина Мицкоски, поддржувајќи ги неговите одлуки и одлуките на партијата до крај.

УМС продолжува со работа за интересите на Македонија и Партијата уште денес! Влегов чесно во ова, така и ќе излезам.

И Јован Јаулески, еден од тројцата членови на ИК на УМС при ВМРО – ДПМНЕ со свој став.

Браќа и сестри, почитувани членови на УМС, УМС продолжува со работа без разлика на се.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести