Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, се огласи уште еднаш по давењето на девојката во Вардар.
Тој повика да не се злоупотребува трагедијата на семејството Меџити за политички цели и објави дека случајот е квалификуван како несреќа, а не како напад од куче:
Бидејќи веќе почнаа бесрамните политички судови, додека едно семејство ја изгуби својата ќерка и мене лично ми предизвика страотна болка, на сите оние кои паушално прогласуваат виновници, сакам да им разјаснам дека во полицискиот извештај се вели дека девојчето било под притисок на едно куче, а не на група кучиња.
Се уште не е познато дали кучето било скитник или нечиј домашен миленик?!
Случајот е класифициран како несреќен, а не како напад од страна на куче.
Да почекаме истражните органи да излезат со точни и со што подетални информации во врска со случајот.
Ве повикувам за почит и да не ја користите ужасната трагедија на семејството Меџити, за да правите безлична политика.
Доста веќе, срамота е! -напиша Таравари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.