Светскиот шампион и возач на мерцедес Луис Хамилтон повторно доминираше во Абу Даби и победи денеска, во последната трка на овогодинешниот шампионат Формула 1,за големата награда во Абу Даби.
Хамилтон е 5 години светски шампион и од почетокот до крајот на трката ја оствари својата 73 победа во својата кариера, во 11 сезона. Тој победи со резултат од 1 саат,39 минути, 40,382 секунди.
Второ место освои возачот на Ферари Себастијан Фетел со заостанување од 2,581 секунди, а трет беше Макс Верстапен од ред бул со 12,706 секунди заостанување.
Четврто место освои Даниел Рикардо од ред бул, петти извои победа Валтери Ботас од Мерцедес а шесто место освои Карлос Саинич од Рено.
Финскиот возач Ким Раиконен ја возеше својата последна трка за Ферари, но не ја заврши бидејќи имаше проблеми со моторот. Шампионска титула оваа година ја одбранија Хамилтон и Мерцедес, кои беа најдобри во конкуренцијата на конструктори.
Хамилтон водеше пред Фетела без никакви потешкотии и 15 кругови пред крајот беше за 6 секунди во предност. Меѓу водството немаше промена, а Саинич успеа да го престигне Лекер за шесто место. Алонсо доби условна казна од 5 секунди бидејќи ја пресече црвената линија, но сепак остана на 11 место.
По завршетокот на трката, Хамилтон и Фетел се возеа со Алонсо и направија почесна трка. На тој начин му оддадоа голема чест на успешната кариера во формула 1.После тоа сите тројца, кои заедно освоија 11 шампионски титули, направија крофни на стазата во Абу Даби.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.