Фрлање магла во очите на јавноста се барањата за екстрадикција од држава која нема правна обврска тоа да го направи, било тоа барањето да биде на 800 или 8.000 страници

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 декември, 2018 7:27

Дескоска се “исплака” за Груевски, од Унгарија никој не и пише

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Професорката Дескоска контра министерката Дескоска, упорно бара одговор на барањето за естрадикција на поранешниот премиер од држава со која немаме договор за тој правен сегмент.

Упорноста секогаш не се исплаќа но Дескоска синоќа појасни дека сеуште немаат добиено никаков одговор од надлежното министерство во Унгарија за екстрадицијата на експреммиерот Никола Груевски, додавајќи дека роковите кои ги имаат за одговор се уште не се изминати.

Ќе почекаме, доколку не добиеме одговор во предвидениот рок тогаш ќе пуштаме ургенција, тоа се страндардни процедури. Сакам да напоменам дека досега Унгарија не одбила да екстрадира ниту едно лице.

Последната екстрадиција ја имавме сега во месец септември и немавме никаква забелшка ниту за состојбата во затворите, ниту за водењето на судски постапки, ниту пак дека постои некаков ризик во Република Македонија. – изјави министерката за правда како одговор на прашање дали очекуваат Груевски да биде екстрадиран од Унгарија во Македонија.

Таа додаде оти се надева дека согалсно на својата пракса Унгарија ќе треба да одговори и на овој случај со македонскиот поранешен премиер, Никола Груевски.

Унгарија на поранешниот премиер му додели статус на политички азилант од политичкиот прогон кој властите во матичната држава го спроведуваат врз него.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.