Неформалните комуникации помеѓу албанските политички партии во Македонија, придонеле за нов став, со кој Рамковниот договор во Преамбулата може само да им штети

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 14:29

Ахмети се премислува, не го сака Рамковниот во Преамбулата?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Партиски извори блиски од кабинетот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, брифираат дека на средба со дел од претседателите на другите албански партии во Македонија, разговарано е за финалната верзија на Прeамбулата.

Според изворот, партиите побарале Ахмети како најголем коалиционен партнер на СДСМ да побара од премиерот Заев, под било кој изговор да го тргне Охридскиот рамковен договор од Преамбулата.

Нешто слично, но не идентично најави и професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски, синоќа, на првата јавна дебата, кога кажа дека Рамковниот договор може да стои во Преамбулата но не во контекст каде е запишава.

Изворот од ДУИ брифира дека Алијанса за Албанците, Беса, нелегитимната Беса но и ДПА, постигнале неформален договор од две точки.

Охридскиот рамковен договор е веќе заведен во уставот на Македонија со своите уставни амандмани и неговата реализација не зависи дали тој ќе стои или не во Преамбулата.

Втората точка е барањето кое го спомна професор Владо Поповски, да се именуваат народи на Република Северна Македонија, а не етнички заедници.

Партиски извори информираат дека барањето Охридскиот рамковен договор да биде тргнат од Преамбулата произлегло од фактот дека со тоа самата албанска заедница во Македонија го прифаќа своето етничко а не народно постоење од 20 отсто, што сметаат дека по Пописот за кој веќе на голема врата се враќа и етничката припадност, нема да поминат добро во општини за кои пропагираат дека се мнозински албански но и на национално ниво.

Како Заев ќе ги прифати ова барање не е јасно, како што не е јасно и кој ќе го предложи. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.