Светските експерти редовно предупредуваат дека кромидот никако не треба да се остава во фрижидер, но дали сте се запрашале зошто е тоа така?
За повеќето намирници за продолжувањето на рокот на траење е препорачливо да се чуваат во фрижидер, но тоа не важи баш за сите нив.
Краставиците, пиперките, ѓумбирот, но и лукот и кромидот никако не се за во фрижидер, а сега ќе дознаете и зошто ова правило важи баш за кромидот.
За да ја одржите свежината, треба да го чувате на ладно, мрачно и суво место и тоа се препорачува да стои во некаква мрежа со цел до него да допира воздух. Во таква состојба можете да го чувате и до 30 дена. Ако го чувате на собна температура, тој ќе опстојува до седум дена.
Исто така, погрешно е и она што повеќемина го прават, а тоа е дека неискористената половина главица кромид ја ставаме во фрижидер, затоа што така на него се множат штетни бактерии.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.