Во текот на претстојната ноќ ќе има повремен локален дожд и снег на планините.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 ноември, 2020 11:26

НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: ОД УТРЕ ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

До крајот на денов времето во државава ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, локално ќе има зголемена облачност со услови за слаби врнежи од дожд и снег на планините.

Во текот на претстојната ноќ ќе има повремен локален дожд и снег на планините.

Поради спуштање на значително постудена воздушна маса од север ќе започне да дува северен и североисточен ветер кој полека ќе засилува на интензитет, во текот на ноќта и утре услови за провејување на снег ќе има и на местата со помала надморска височина, особено во северната половина од државава. Максималните дневни температури од утре ќе бидат многу пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Разведрување на времето насекаде ќе има во текот на утрешната ноќ, токму поради ова и температуритењ на воздухот во вторник наутро ќе бидат насекаде негативни и ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени.

Нова промена на времето и врнежи ќе има од четврток.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...