Бијонсе настапи на Индиска свадба, а друштво и правеше Хилари Клинтон сопругата на поранешниот Американски претседател Бил Клинтон.
Сега е сезоната на индиските венчавки, а оваа свадба можеби е најпривлечната и најгламурозната, и тоа не е само поради тоа што на неа како гостинка присуствуваше Хилари Клинтон, или поради настапот на Бијонсе, туку затоа што и невестата и момчето потекнуваат од милијардерски семејства.
Имено, Ајша Амбани е американска универзитетска воспитаничка и ќерка на мулти милијардерскиот индустријалец Мукеш Амбани, кој се смета за најбогатиот човек во Индија.
Според „Форбс“, неговото богатство е проценето на над 43 милијарди долари.
Младоженец е Ананд Пирамал е син на Аџеј Пирамал, исто така индустријалец, кој тежи 10 милијарди долари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.