Звонко Костовски е главниот инженер во Одделот за одржување и телекомуникации на Петтата управа во УБК, а потоа раководител во одделот за информатичка и техничка поддршка. Костовски го надгледувал техничкиот процес на спроведување на незаконското следење на комуникациите.

Објавил: Македонка Димкин | 20 декември, 2018 16:27

„Кодошите„ вратени на работа од Спасовски лично!

Фото/Текст извор: ©makfax / magazin

“Свиркачот„  Ѓорѓи Лазаревски и неговиот колега Звонко Костовски од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР. „За професионалците секогаш ќе има место во МВР“, објави на Твитер, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Звонко Костовски е главниот инженер во Одделот за одржување и телекомуникации на Петтата управа во УБК, а потоа раководител во одделот за информатичка и техничка поддршка. Костовски го надгледувал техничкиот процес на спроведување на незаконското следење на комуникациите.

По барање на лидерите на групата која е обвинета во предметот „Таргет-Тврдина“, тој креирал посебни кориснички профили и ги групирал со име „важно“ овозможувајќи им на креаторите на групата пристап до системот за надзор и можност да ги слушаат пресретнатите комуникации лично на своите компјутери.

Костовски потоа материјалите му ги предал на Ѓорѓи Лазаревски, а тој му дал на ексдиректорот на УБК, Зоран Верушевски за на крајот Верушевски да му ги предаде на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лазаревски и Костовски беа уапсени во февруари 2015 година како обвинети во случајот „Пуч“, веднаш откако тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев почна да ги пушта бомбите. Костовски се спогоди со обвинителството и призна вина за неовластено прислушување и шпионажа по што беше осуден на три години затвор. Лазаревски не призна вина и остана 11 месеци во притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.