Министерката Радмила Шекеринска во своето видео обраќање истакна дека гледајќи наназад кон 2018, можеме да бидеме горди на она што го постигнавме оваа година.

Објавил: admin@magazin | 29 декември, 2018 16:30

Шеќеринска : “Во 2018 година ја отворивме вратата кон НАТО”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во своето новогодишно обраќање министерката за одбрана Радмила Шеќеринска изјави дека ,вратата е отворена да се постане рамноправна членка во НАТО.

Министерката Шекеринска во своето видео обраќање истакна дека гледајќи наназад кон 2018, можеме да бидеме горди на она што го постигнавме оваа година.

Поканата за членство во Алијансата, завршувањето на пристапните разговори за членство, поддршката од клучните светски политички авторитети, покачувањето на буџетот и на платите за припадниците на АРМ, одбранбените реформи, приемот на 375 нови професионални војници, усвојувањето и имплементацијата на значајни стратегиски документи, опремувањето на припадниците на АРМ и отвореноста кон јавноста е еден дел од успехот кој министерството го постигна оваа година.

 2018, можеме да бидеме горди на она што го постигнавме. „Во историјата ќе остане запишано дека ова е годината во која ја прекинавме изолацијата на нашата татковина и ги отворивме вратите за да станеме рамноправна членка во најмоќниот воено-политички сојуз“, рече министерката.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.