Признавањето на афтокефалност на МПЦ беше само алиби за Договорот за добрососедство со Бугарија

Објавил: Узунов Бобан | 5 јануари, 2019 15:59

Украинската црква ќе се признае за автокефална, до каде е признавањето на МПЦ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Во очи на големиот христијански празник Божиќ,  Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј пренесува дека привршуваат подготовките за признавање на автокефалноста на Украинската црква. Во текот на потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, се испраќаа сигнали од Скопје и Софија дека Договорот ќе обезбеди признавање на афтокефалност на МПЦ под патронат на БПЦ, но по се изгледа тоа беше само замајување на јавноста за да се амортизира незадоволството од штетниот за Македонија договор за добрососедство. 

Премиерот Зоран Заев со писмо побарал од Вселенската Патријаршија признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како рамноправна црква во Православниот свет.

Познавачите на црковните работи сметаат дека Цариградската патријаршија се позиционирала наспроти интересите на влијателната Руска православна црква под притисок и влијание на политиката и западните земји се со цел да се минимизира руското влијание и јасно да се исцртаат границите од Источна Европа до Балканот. 

Зоран Заев ја убедуваше јавноста дека во процесот на признавање на афтокефалноста нема да се промени името на Македонската православна црква. 

 Кога се признавале црквите се признавале како Пеќка патријаршија, Охридска архиепископија и слично. Никој ниту побарал ниту некој може да го смени името на Македонската православна црква. Не е тема на дилема или на дебата името на МПЦ -изјава на Заев од 31 мај 2018 година. 

За тоа како тече процесот на признавање на афтокефалност најдобро покажуваат информациите кои доаѓаат од Цариградската Патријаршија а признавањето на афтокефалност на МПЦ дури и со потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција Зоран Заев го придушува како тема во медимуите. 

„Завршувањето на сите работи се очекува на 6 јануари, Богојавление, кога би сакале да го предадеме Томосот за автокефалија и ќе сослужуваме со претстојателот на Православната Автокефална Црква,“ вели Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, во посланието кое стигна до Патријарсите и Архиепископите на автокефалните Православни Цркви на почетокот на годинава.

Истовремено, додека во Фанар пристигнуваат претставниците од Украина, архиереите на Православните Цркви се информираат за подробностите на посланието, како би започнале по ред да ја признаваат новата Црква.

„Ве известуваме,“ забележува Вселенскиот Патријарх, „изразувајќи ја братската доверба кон Вашето Блаженство, дека знаејќи ја многу добро волјата и изразената желба на Украина и одговорноста што ја има Константинополската Црква за решавање на сите црковни прашања, ќе се согласите со овие дејствија и ќе ја признаете Православната Украинска Црква како автокефална, спомнувајќи го името на Митрополитот Киевски и на цела Украина во Чесните Диптиси, веднаш после името на Блажениот Архиепископ Чешки и Словачки“.

Патријархот г.г. Вартоломеј, анализирајќи ги настаните што зедоа место последниве месеци, но и работите што се остварија, ги кани Претстојателите да ја признаат Црквата и особено нагласува:

„Доколку ги занемариме нашите браќа во Украина, кои минуваат мигови на агонија, нема да имаме никакво оправдание на денот на Судот, пред страшниот, единствен и праведен Суд на Судијата на душите и срцата на луѓето и Спасител наш Исус Христос“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.