Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги прогонуваат лошите сили.

Објавил: Перо Милчин | 12 јануари, 2019 14:38

Утре се слави Стара нова година, а во понеделник е Василица

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Голем број семејства во Македонија, Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица се крши лепче со паричката и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата претстојна година.
Старата година што поминала се испраќа и со палење големи василичарски огнови. Ти се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили и чувства што владееле во целата мината година.

На тој празник се оди во црква црква, треба да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.