Совршените принцес крофни кои веднаш ќе ги снема од вашата чинија.
Ви нудиме рецепт за слатко задоволство, кое нема кој не го посакува на својата трпеза. Едноставен десерт, заводлив вкус – Принцес крофни
Состојки:
1 шолја масло
1 шолја вода
1 шолја брашно
пола прашок за пециво
5 јајца
Состојки за фил:
1 л. млеко
4 јајца
12 лажици шеќер
1 пудинг од ванила
10 лажици брашно
1 лажица густин
пола маргарин
Подготовка:
Се става за тесто вода во шерпа со масло, а кога ќе зоврие се става брашно и пола прашок за пециво, па кога ќе се олади смесата се ставаат пет јајца едно по едно, и се мати да се соедини.
Се става на плех со хартија со лажица од смесата и се прават крофни.
Се печат на 200 степени додека не поруменат.
Се ладат и сечат на пола.
За фил се става во литар млеко 4 разматени јајца со шеќер и пудинг, брашно и густин со маргарин.
Се вари да се добие кремаст фил.
Се става фил на крофните и се поклопуваат.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.