Здружението на оперски уметници со бројни концерти низ Македонија

Објавил: Стефан Каневче | 7 февруари, 2019 23:56

Оперски гала концерт во Битола за празникот на вљубените

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во сабота на 9 февруари во Народниот Театар во Битола ќе се одржи оперски гала концерт по повод празникот на вљубените „Св.Валентин“. На концертот ќе настапат оперските уметници Гонца Богоромова, Николина Јаневска, Јане Дунимаглоски, Илија Белистојаноски, Марко Димоски, Кристијан Антовски и Марјан Јованоски, во пијано придружба на Маја Божиновска и Теодора Нарашанова. 

На концертот ќе се изведат познати оперски арии и соло песни од Моцарт, Верди, Пучини, Росини, Чајковски и други.

Здружението на оперските уметниците ОпераТи е формирано пред 6 месеци со цел да ги промовира оперските уметници и оперската уметност. Претседателот на здружението, Марјан Јованоски најавува богата концертна сезона на ОпераТи со бројни концерти во државата и странство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Опера