Таткото на Селам Реџепи немаше никаква вест за неговиот син. Се смирил кога на списокот на починатите не го прочитал името на синот. А, денес, 20 часа по несреќата, дозна дека неговиот син е евидентиран со погрешно име и е хоспитализиран во болницата „8 Септември“ известува Тв21
„Вчера бевме до два часот по полноќ. Никаква вест. Чекавме во ова болница и на крај ни рекоа дека до утре нема да никаква вест. Видовме дека не е на списокот на починатите и се смиривме малку. Тој е информатичар, работи во американска фирма. Секој ден патуваше со овој автобус, веќе неколку години“, изјави Селам Реџепи – родител.
Новинарка: Дали порано имале некакви проблеми со автобусите?
Да, два три пати му пукнала гумата.
И денеска вака изгледаа ходниците на Градската општа болница „8-ми Септември“. Родители, роднини, пријатели ги слушаа имињата на нивните роднини за прв пат по нивното хоспитализирање во оваа болница.
И Јусуф Сефули вчера бил хоспитализиран во болницата „8-ми Септември“. Неговиот татко Азер Сефули вели дека со синот се слушнал по телефон и дека тој се наоѓа во добра состојба.
Инаку во оваа болница се хоспитализирани 37 пациенти, четири се на интензивна нега, а 33 се во стабилна состојба.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.