Од Кривичниот суд изјавија дека притвор доби и раководителот на фирмата кој е второ осомничен.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 март, 2019 22:31

Сопственикот на „Дурмо Турс„ и раководителот вечерва добија притвор- Кој е одговорен за несреќата?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вечерва судија на претходна постапка му е одреди притвор на сопственикот на „Дурмо Турс„ како прво осомничен за автобуската несреќа кај Ласкарци.

Сашо Рајчев, јавниот обвинител од ОЈО, денеска на прес конференцијата изјави дека како главна причина за несреќата која се случи кај Ласкарци, при што загинаа 15 лица, се неисправните сопирачки на автобусот и преголема брзина со која се движел во моментот на несреќата.

 Од Кривичниот суд изјавија дека притвор доби и раководителот на фирмата кој е второ осомничен, додека на третоосомничениот, едно од лицата одговорни за технички преглед, му е одредена мерка куќен притвор.

Несреќата кај Ласкарци се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово – Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Во несреќата загинаа 15 лица, а 39 беа повредени.

За четврто осомниченото лице, кој се товари за одговорен за технички преглед во несреќата во „Дурмо турс“,  се прифатени побараните мерки на претпазливост од Основното Јавно Обвинителство, а за трите лица меѓу кои се наоѓа и возачот, постапката во Судот е во тек.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќаше на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот кој се движел со голема брзина, излетал од автопатот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја пробил заштитната ограда на автопатот.
На повредените веднаш им помогнаа луѓе од Ласкарци и околината, а за спасувањето на повредените од автобусот, беа мобилизирани комбиња на брзата помош од „Здравствен дом – Скопје“ и од приватните болници „Неуромедика“ и „Систина“.

Владата на Република Македонија ги прогласи за ден на жалост 14 и 15 февруари, а на 14 февруари во Гостивар се одржа комеморативна седница за загинатите во автобуската несреќа, на која присуствуваа претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести