Болницата се наоѓа во Анкара а нејзината изградба чинела една милијарда евра

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 март, 2019 0:04

Ердоган ја пушти во употреба најголемата болница во светот- голема е колку 100 стадиони

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска ја пушти во употреба најголемата болница во Европа. Болницата се наоѓа во Анкара а нејзината изградба чинела една милијарда евра. 

Во оваа луксузна болница ќе може да се згрижат 30 000 пациенти. Во неа има капацитет од 3810 кревети, 131 операциони сали и 904 клиники.

Секако градењето на вакви здравствени установи, каде граѓаните ќе може да се лекуваат доби пофални зборови, но и критики од аспект на високите цени за услугите на што Ердоган одговори дека оние што се противат на изградбата на такви болници се против сите поголеми проекти што ги спроведува неговата влада.

-Тие се против изградбата на мостови, автопати, тунели, аеродроми, експресни патишта, болници и училишта, но, токму тие најмногу ги користат”, рече турскиот претседател на свеченото отворање. -Исто како што направивме во одбранбената индустрија, мора да ја спасиме нашата земја од странска зависност од медицинска и медицинска технологија”.

Ердоган планира на територијата на Анкара да отвори уште 30 вакви болници кои ќе овозможат  комплетна медицинска нега во еден комплекс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести