Богдан Илиевски кој беше еден од организаторите на Иницијативата „За заедничка Македонија“ заедно со Владо Јовановски, Борис Дамовски и Игор Дурловски на својата Фејсбук страница сподели фотографија, на која ги нарекува своите пријатели „Браќа за цел живот„
Богдан Илиевски еден од организаторите на „Граѓанска Македонија„ на социјалните мрежи сподели фотографија од своите пријатели, Дамовски, Дурловски и Јованоски, нарекувајќи ги браќа за цел живот.
Тие беа водачите на протестите „За заедничка Македонија“ кои на 27 април или крвавиот четврток, ја повикаа толпата за упад во Собранието.
Богдан Илиевски беше во последните тројца за кои обвинителството се изјасни позитивно во однос на амнестијата за случувањата на 27 април.
Со оваа одлука која ја донесе Кривичниот суд , амнестираниот Илиевски е слободен граѓанин без да има обврска да се јавува во суд.
Владо Јовановски и Борис Дамовски беа обвинети за настаните на 27 април, а потоа судот ги амнестираше после добиено позитивно мислење за да бидат помилувани за настаните. Додека пак Игор Дурловски не поднесе барање за амнестија во дадениот рок од судот.
Од обвинетите за крвавиот четврток на 27 април, покрај Дурловски, барање за амнестија не поднесоа Јане Ченто, Игор Југ, Митко Чавков и Душко Лазаров. Против сите нив се водеше судски процес за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.