Ти си во затвор бидејќи јас сум жив, и затоа нема зошто да бидеш како тие што сакаа да ме видат мртов.

Објавил: admin@magazin | 16 март, 2019 13:25

Нна Села не му се живее : „Подобро да умрев на 27 април, отколку што го живеам овој срам„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Пријателу мој, твоето злосторство се состои само во тоа што моите деца сѐ уште ја имаат можноста да ме викаат татко, и јас да можам да им одговорам. Ти „згреши” што ми го зачува животот. Oва го напиша лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села по вчерашната пресуда од 7 години затвор за Абдул фета Алими, еден од осудените во случајот од настаните од 27 април.

Од Алијансата на Албанците се изјаснија за затворската казна за Абдул Фета Алими и рекоа дека според нив денеска требаше тој да биде награден од страна на државата, кој успеал да спаси човечки живот, и тоа на еден пратеник на собранието како што е Зијадин Села.

Абдул Фета Алими е осуден на 7 години затвор, и заедно со другите обвинети вчера ги добија затворските казни.

Алијансата на Албанците во своето соопштение се изјаснија дека изразуваат длабоко жалење за политичкото и правното казнување од 7 години затр на Абдул Фета Алими, се надоврзаа дека ќе ги искористат сите правни инстанации да ја докажат неговата невиност.

 „Нелогично е и бесмислено Фета Алими да се товари за предметот ‘Тероризам’ и тој да се изедначи со групата што тепаше пратеници во Собранието на РСМ. Фета Алими во овој судски процес се третира како жртва со кој се обидува да се зачува етничкиот баланс кон преостанатите казнети лица и кои јавноста ги знае како нарачатели и извршители на настаните од 27 април“, се вели во соопштението.

Додека пак лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села на својот Фејсбук напиша: 

Од Алијансата на Албанците се изјаснија за затворската казна за Абдул Фета Алими и рекоа дека според нив денеска требаше тој да биде награден од страна на државата, кој успеал да спаси човечки живот

На една седенка со Фета, тој ми рече: Не се вознемирувам многу заради казната, колку што се вознемирувам заради фактот што ме ставаат во иста вреќа со криминалците…
Ти си во затвор бидејќи јас сум жив, и затоа нема зошто да бидеш како тие што сакаа да ме видат мртов. Како тие што денес се живи, но потонати во криминал. Да, да, тие се слободни, дури и на владеачки позиции. Доколку некој преку твојата казна сака да ја прикаже симболиката дека минатиот режим имаше две компоненти, и Албанци и Македонци, ти не си таа симболика.

Ти си симболика на обичниот Албанец што го сака животот, што ја сака слободата. Ти си симболика за Албанец врз којшто сѐ уште се монтираат политички процеси. Ти си симболика на политизираното судство и со двојни стандарди. Симболиката на минатиот режим не може да биде Фета, туку е Али со Никола.

Ти и твојата казна денеска сте симболиката на сегашниот режим на Али и Зоран.
П.С. Тежок е денешниот ден Фета! Подобро никогаш да не ги отворев очите вечерта на 27 април, отколку да го живеам овој срам. Да, ти си виновен. Виновен си што денеска јас се чувствувам виновен што немам сила да ти помогнам. Виновен си што сум жив“, напиша Села на својот фејсбук-профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.