Брентон Тарант е момчето кое усмрти повеќе од 50 лица, додека се молеа во џамија во Нов Зеланд. За овој масакр зборуваше целиот свет, а згора на тоа 28 годишниот терорист во живо преку социјалните мрежи го емитуваше масакрот во кои загинаа и деца.
Брентон Тарант во крвавиот поход тргнал со оружје на кое стоеле натписи на германски, бугарски, руски и српски јазик. На оружјето пишувало: Марко Милјанов Попович (1833.1901) – црногорски народен книжевник, војсководец и војвода. Стефан Лазар- српски кнез Лазар Хребељанович (1329 – 1389), погина во борба со Турците на Косовско поле. Го користеше кралското име Стефан Лазар. Се споменува и битката на Иванковцу која се одиграла во 1805 година. Се наведува и 1683. година која се однесува на опсадата во Виена кога Османското царство ја окупирала Виена. Со таа битка е прекинато напредувањето на турците во Европа.
На оружјето се наведени многу битки и личности кои во историјата се бореле против исламот во Европа. На својата униформа масовниот убиец го носел симболот на „Црното сонце“ кој и ден денес е мистерија. Симболот најчесто го користат екстремните десничари, нацистите, но и сатанистите.
Овој симбол најмногу го користеле нацистите, односно припадниците на „СС“ дивизија на нацистичка Германија.
Брентон Тарант е нацист, а симболот на црното сонце ја симболизира напредната ариевска раса. Основата на овој симбол всушност е „сончев круг“ кој е насликан на подот на градината во дворецот во Северна Рајна-Вестфалија кој во текот на Втората светска војна бил едно од најзначајните места за Хајнрих Хилмер, кој всушност бил и првиот човек на „СС“ дивизија на нацистичка Германија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.