Од денеска пониски температури

Објавил: Узунов Бобан | 26 март, 2019 8:03

Денеска облачно и поладно

Фото/Текст извор: ©магазин

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено во северните делови.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апе до сите возачи да не го користат автопатот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Утринската темпереатура ќе се движи од нула до седум Целзиусови степени, а дневната температура од 10 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до шест, а дневната температура до 15 степени. Во Маврово дневната темпертура ќе достигне д 10 степени, Охрид 14, Битола 15, Берово 12, Кавадарци 17, Гевгелија 18.

Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.