Според порталот економски Лидер

Објавил: Узунов Бобан | 30 март, 2019 18:03

ЕКСКЛУЗИВНО: Роднина на Заев со Бентли го следел Мицковски мислејќи дека оди во Будимпешта

Фото/Текст извор: ©магазин

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија на тврдењата на одредени портали дека претседателот на партијата Христијан Мицкоски е во Унгарија.

Од партијата, велат дека Мицкоски приватно е во посета на Австрија, каде што е научен соработник. 

Зоран Заев,  во интервју за сараевската „Н1“ во јануари 2019 година тврдеше дека актуелниот лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски, пред бегството на Никола Груевски се состанал со српскиот претседател, Александар Вучиќ, и унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Тој бил кај нив. Тоа е јавно објавено и притоа не е јасно за што разговарале. Остана тајна. Груевски побегна од Македонија преку Албанија, каде што го пречекало унгарско дипломатско возило по што ја минал границата со Црна Гора. Таму го чекале други унгарски дипломати, а потоа ја преминал границата со Србија и на крајот стигнал во Унгарија“, изјави Заев.

Претхдно во некои портали се појавија информации дека Христијан Мицкоски бил во Будимпешта на средба со Никола Груевски.

Претседателот Мицкоски е во еднодневна куса посета на градот Виена во Австрија, а самиот претстој е од приватен карактер, поточно со оглед на тоа што Мицкоски воедно е и професор на високонаучна установа причината за престојот е за научни цели.

Инаку патувањето е со неговиот приватен автомобил, а низ Република Унгарија поминува исклучиво како транзитна дестинација.
Вистината е дека во близина на Будимпешта (околу 40 километри после Будимпешта на враќање кон Скопје) неговото возило извесен период е следено од луксузно патничко возило од марката Бентли со струмички регистерски таблици, управувано од роднина на премиерот Заев. Веруваме дека е и изворот на тенденциозната на ваквите дезинформации кои се појавија во одредени медиуми, што само ја потврдува безидејноста на власта. Обидите за дефокусирање од вистинските теми и нервозата присутна поради поддршка од граѓаните. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести