Во пределот на Солунска глава, исчезна авион кој попладнево полетал од Охридскиот аеродром.
Авион Цесна, тип со авионска регистрација D- EUIB, кој полетал од Охридскиот аеродром попладнево исчезна.
Според неофицијални информации авионот полетал од Охридскиот аеродром, со 4 патници бугарски државјани, 4 члено семејство, татко, мајка и две деца.
Авионот исчезна од радарот еден час по полетувањето од Охрид кон Софија, неофицијално изјави Тв 24. Македонските спасувачки екипи веќе објавиле почеток на акција за потрага и спасување. Авионот е заведено во германскиот регистар и од Охрид Охридскиот аеродром.
Аеродромот Апостол Павле е аеродром на Охрид и Струга, Република Македонија.
Аеродромот се наоѓа в Општина Дебарца, на 2,5 km од Струга и 5 km од Охрид, долж магистралниот пат Охрид-Кичево-Скопје. Аеродромот во моментов има 8 паркинг позиции за авиони од комерцијалната и 5 паркинг позиции за авиони од генералната авијација на пристанишната платформа. Пристанишната зграда и другите аеродромски инфраструктурни објекти опслужуваат околу 60 000 патници и околу 1 000 операции на воздухоплови на годишно ниво.
Основната причина за постоење на охридскиот аеродром е развој на туризмот во охридскиот туристички регион, како и алтернативен аеродром за летовите на Меѓународниот аеродром Скопје. Аеродромските услуги на охридскиот аеродром ги користат многу странски авиокомпании.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.