Тој рече дека неговата амбиција била друга и многу му било јасно што се случува, а тој и неговиот тим немале никакви илузии.

Објавил: admin@magazin | 6 април, 2019 10:58

Фрчкоски: „Во 2014 на претседателските избори му украдоа гласови на Пендаровски„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Професорот Љубомир Фрчкоски во вечерашното гостување на 1ТВ рече дека не се кае што во 2009 година се кандидирал за претседател и изгубил од актуелниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Во вчерашното гостување на 1 ТВ, професорот Љубомир Фрчкоски рече дека воопшто не се кае што се кандидирал во 2009 година за претседател и изгубил од Иванов, бидејќи од 2011 година ги краделе изборите на масовен начин.

Фрчкоски рече дека неговата амбиција била друга, но во тие моменти многу му било јасно што се случува, а додека пак тој и неговиот тим немале никакви илузии.

Беше херојски да се поттикне опозицијата која тогаш беше на многу ниско ниво. И успеавме да стигнеме до некои 260 илјади гласови. Потоа и во 2014 година го украдоа Стево, рече Фрчковски.

Во 2009 година СДСМ го предложи професор Љубомир Фрчкоски како нивен кандидат на изборите за претседател на Република Македонија, кои беа закажани за 22-ри март. А додека пак ВМРО ДПМНЕ на конвенцијата за нејзин претседателски кандидат го избра колегата на Фрчкоски од Правниот факултет, професорот Ѓорѓе Иванов.

Љубомир Фрчкоски во 2009 година беше единствениот кандидат за претседател на претстојните избори на опозицискиот Социјал-демократски сојуз на Македонија. Премиерот Зоран Заев, тогаш Фрчковски го претстави како кандидат кој што секојдневно се бори за демократијата, а против тоталитаризмот и авторитативното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и како кандидат кој што ќе биде претседател на сите граѓани на Република Македонија.

На претседателските избори во 2009 година, Фрчкоски изгуби од неговиот против кандидат за претседател Ѓорге Иванов. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.