Јавноста ги критикуваше за високите плати

Објавил: admin@magazin | 8 април, 2019 9:48

Јанева: Најголем дел од буџетот на СЈО се троши за вештачења

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, во интервју за „Независен“ зборува и за буџетот на СЈО, односно појаснува за што се трошат парите.

Во јавноста често пати има забелешки дека располагаат со голем буџет за разлика од редовнто обвинителство и дека обвинителите во СЈО земаат повисоки плати.

На оваа тема Јанева со став дека станува збор за меѓународни стандарди, а целта е јавните обвинителства да бидат поекипирани и да можат поефикасно да ги извршуваат задачите

Со новиот закон останува нашиот буџет да го предлагаме самите и да не може врз тоа никој да влијае. Станува збор за меѓународни стандарди во оваа област. Сметам дека ресурсите и во Јавното обвинителство ќе бидат подобрени, има многу проекти во кои учествуваме и помагаме и ние, со цел јавните обвинителства да бидат поекипирани и да можат поефикасно да ги извршуваат задачите, рече Јанева.

Иако имаме поголем буџет, тоа не значи дека ја трошиме целата сума. Поголемиот дел од буџетот и претходно се користеше за вештачења, како и за други материјални трошоци неопходни за брзо и ефикасно завршување на истрагите за кои бевме ограничени со 18 месеци, имавме и други трошоци како тие за адаптирање на зградата во која сме сместени. Јас мислам дека сегашната влада има добар сенс за правосудството и за подобрување на интегритетот и независноста, не само на обвинителите, туку и на целата правосудна фела, вели Јанева.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести