Дел од промените -„Градски стадион“, „Телеком Арена“, „Филип II“

Објавил: admin@magazin | 9 април, 2019 11:52

Официјално: Тоше Проески е новото име на националната арена

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Официјално Тоше Проески е новото име на националната арена. Ова го објави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, кој потврди дека на редовната седница на Владата донесена е одлука за преименување на најголемиот стадион во Македонија.

„Утрово на редовната 129. седница на Владата донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја“, напиша на Твитер, портпаролот Миле Бошњаковски.

Во јуни 2015 година, УЕФА го избрала стадионот за да биде домаќин на УЕФА Супер Купот во 2017 година. Натпреварот се одиграл на 8 август 2017 година помеѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, при што тимот на Реал Мадрид забележал победа со резултат од 2-1.

Првичното име на стадионот e „Градски стадион Скопје“, па поради тоа е познат и под прекарот „градски“. Јужната трибина e проектиранa од архитектите на „Бетон“ Драган Крстев и Тодорка Мавкова уште во 1977 година.

До сега, поради Преспанскиот договор со Грција, Македонија го промени името на автопатот кој сега се нарекува „Пријателство“, називот на Скопскиот аеродром, кој од Александар Велики беше преименуван во Национален аеродром Скопје, а во тек е промената на називи на институции и државни фирми.

Изградбата на Градскиот стадион во денешната форма започнала во далечната 1978 година, кога започнала изградбата на јужната трибина. Истата била завршена за две години. По долг застој во реализацијата на проектот, во јануари 2008 година била урната старата северна трибина и започнала изградба на нова трибина. Изградбата на новата северна трибина се спровела според највисоките стандарди на ФИФА. Оваа трибина била пуштена во употреба на 2 август 2009.

Инаку Националната арена или Градскиот стадион во Скопје досега беше неколкупати преименуван. Пред да биде Национална арена Филип II, Телеком арена, Градски стадион.

Потоа на 8 септември 2009 година започнала изградбата на источната и западната трибина. Кон крајот на 2009 година започнала и обновата на јужната трибина и истата била пуштена во употреба за потребите на натпреварот Работнички-Ливерпул, кој се одиграл на 29 јули 2010. На 24 април 2011 во употреба биле пуштени источната и западната трибина со што целосно завршила првата фаза од реконструкцијата. Втората фаза опфаќала реконструкција на теренот и атлетската патека и истата отпочнала во септември 2011. Реконструкцијата завршила со уредувањето на подтрибинскиот простор. 

Во септември 2013 започнала третата фаза од реконструкцијата, односно фасадното уредување и осветлување на арената.

Новиот изглед на стадионот  овозможи и искристување на подтрибинскиот просор. Дел од овој простор е наменет за спортските федерации, а дел се користи за комерцијална намена.

Во јуни 2015 година, УЕФА го избрала стадионот за да биде домаќин на УЕФА Супер Купот во 2017 година. Натпреварот се одиграл на 8 август 2017 година помеѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, при што тимот на Реал Мадрид забележал победа со резултат од 2-1.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.