Стациониран во Рио Де Жанеиро стадионот Маракана (португалски: Estádio do Maracanã, службено име: Estádio Jornalista Mário Filho) — кој е еден од најголемите и најпознатите во светот ќе стане привремена болница за заразените од корона вирусот.
Според информации до кои дојде престижната Би-Би-Си уште две вакви болници ќе бидат отворени во Рио, вклучително и таа во Олимпискиот парк.
Во моментот Бразил е една од земјите со најголема стапка на заразени од коронавирус, со речиси 150.000 заразени и повеќе од 10.000 смртни случаи од Ковид-19.
За потсетување, стадионот Маракана бил изграден за светското првенство во фудбал, кое се одржало во Бразил во 1950 година, со иницијален капацитет од 200,000. Капацитетот е значително намален кога се поставиле сите седечки места. Моменталниот капацитет после реконструкцијата во 2013 година е 78.838 седечки места.
На овој стадион Пеле, 1971 година, го одиграл последниот натпревар за репрезентацијата против репрезентацијата на поранешна СФРЈ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.