Ваквата одлука доби повеќе негативни критики, а навивачката група „Комити“ се огласи со соопштение

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 април, 2019 17:36

Комити со реакција по промената на името на градскиот стадион- „Прости им Тоше, не знаат што прават“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако денеска Владата реши Национална арена во Скопје од Филип Втори, да биде преименувана во „Тоше Проески“,  се огласи навивачката група „Комити“ .

Навивачката група Комити преку соопштение реагираше по денешната промена на името на Националната арена

Ваквата одлука доби повеќе негативни критики, а навивачката група „Комити“ се огласи со соопштение :

„Понесени од нагонот за преименување на се што е гордост, традиција и Македонски идентитет, повторно се дрзнаа ‘семоќните’ да го преименуваат нашиот втор дом. Но овој стадион секогаш бил, е и ќе биде “Градски Стадион – Скопје”, Република Македонија !!! „Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи?” – еднаш праша Маестро Тоше, но не му беше одговорено…

Прости им Великану, не знаат што прават !!!“ стои во соопштението.

Како што претходно објавивме ваквата одлука, за промена на името на стадионот била по бурните реакции на Грците откако фудбалската репрезентација одигра меч од квалификациите на домашен терен, и во службениот извештај беше назначено името на стадионот „Филип Втори“.

До сега стадионот имаше две претходни имиња, Градски стадион и Телеком арена, а во игра беа неколку имиња за новата промена Тоше Проески, , потоа во игра беа имињата на некои од познатите фудбалери како Кирил Симоновски Џина“ или „Петар Милошевски“, или пак  името „Национален стадион Скопје“, но сепак денес беше одлучено да го носи името по нашата најголема ѕвезда Тоше Проески, кој трагично загина во сообраќајна несреќа.

Моменталниот максимален капацитет на арената изнесува над 33.000. Владата на Република Македонија официјално го преименувала стадионот во февруари 2009 година со името Национална арена „Филип Втори“, но во ноември 2016 година стадионот бил преименуван во Телеком Арена по потпишаниот договор со Македонски Телеком. Во септември 2017 година, договорот за името Телеком Арена бил раскинат и старото име Филип Втори, било вратено.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести